Груевски: Македонија-поволна бизнис дестинација

Од:

Тимот на Груевски пред повеќе од 60 компании во руски Нижњиј Новогород ја презентираше Македонија како поволна бизнис дестинација за странски инвестиции.

„Нашата цел е да посетиме што повеќе региони од вашата држава и на локално ниво да ги запознаеме вашите компании со нашите можности и поволности за водење бизнис, за на тој начин да можат да размислуваат за лоцирање на Македонија како место за развој на нивниот бизнис и пласирање на производи на европскиот пазар“ , рече премиерот Груевски.

„Ние им предлагаме на нашите колеги од Стопанската комора на Македонија да се воспостави единствен електронски регистар на компании со цел да се олесни размената на информации меѓу Нижњиј Новогород и Македонија. Се надеваме дека денешната посета ќе ја искористиме како стартен момент за воспоставување на успешна економска билатерална соработка“, порача претседателот на Трговско-индустриската комора на Новогород, Дмитри Краснов.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски рече дека Македонија нуди најниски трошоци за реализација на бизнис и најнизок даночен пакет во Европа.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада