Сончеви колектори во Македонија само 0,02 метри квадратни по жител

Од:

Искористувањето на сончевата енергија во Македонија до овој момент е на најниско ниво во споредба со европските земји поради многу ниските субвенции од 100.000 евра и неадекватната законска регулатива за нивна распределба, смета здружението „Солар Македонија“.

Како што изјави претседателот на здружението Илија Насов пред денешната панел-дискусија на оваа тема, во земји со драстично помало зрачење од она што го има Македонија, искористувањето на сончевата енергија е 40 – 60 пати поголемо.

Засега, четири компании кај нас се занимаваат со производство на сончеви колектори и сите имаат атест за квалитет, но речиси ниту една не добива субвенции.

Мора да се обезбедат поголеми субвенции, а нивната распределба да биде соодветна, потенцира Насов. По принципот на Шпанија, Австрија и други европски земји, дополни, треба да се воведе и обврска – ако некој прави нов објект, да каже како ќе се добива енергија.

-И покрај најдобрите услови, а тоа е соларно зрачење од 1.500 – 1.600 киловат часови на метар квадратен или 30 отсто подобро од Австрија, имаме 50 пати помало искористување на сончевата енергија. Имаме 0,02 метри квадратни инсталирани колектори по жител. Замислете колку е тоа малку. Австрија и Грција имаат по околу 0,65 инсталирани метри квадратни соларни колектори. Проблемот е во законската регулатива и недоволните стимулативни мерки кои треба да бидат воедно и облигаторни. Добивањето субвенции не треба да биде по пат на лотарија. Субвенциите засега не одат кај македонските производители. При аплицирањето тие немаат можност да добијат зашто цената е адекватна на квалитетот. Околу 5.000 – 6.000 фирми или поединци аплицираат годишно, а добиваат 500 од кои секој по 300 евра. Тоа не е малку, но ако биде регулирано на адекватен начин, законски, а не секоја година да се носат одлуки, истакна професорот и додаде дека не може загадувачот на воздухот да има исти обврски како некој што добива енергија од обновливи извори.

Според него, огромен е интересот кај приватните корисници за поставување сончеви фотоволтаици на нивните кровови. Од она што досега се предлага, четирикиловатни ќе бидат максимум стимулациите за приватни фотовалтаици, а 20 киловатни за инсталираните од компаниите.

На панелот беше промовиран и новиот хибриден колектор што дава и електрилна и топлинска енергија.

Би можело да ве интересира

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: До 2017 година имавме само 19 мегавати од фотонапонски централи, сега за само 2 ипол години имаме 80 мегавати приклучени на мрежа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Новата 17 MW соларна електрана е чекор напред кон енергетска независност

Ана Ололовска