Министерството за правда на Бугарија ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош.
– Никола Груевски не е бугарски државјанин и не поднел документи за бугарско државјанство. На Груевски не му е издаден бугарски пасош од Министерството за внатрешни работи, соопшти бугарското Министерство за правда.
Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО односно за спорната набавка на „мерцедесот“ од 600 000 евра, избега во Будимпшета каде побарал политички азил. Македонските власти информираа дека ќе бараат негова екстрадиција.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека ќе направат сè што е во нивна надлежност за Груевски да се врати во Македонија и да ја отслужи казната.