Куба ја укинува медицинската пограма со Бразил

Од:

Кубанската Влада соопшти дека ја завршува програмата “Повеќе лекари“ (Mas Medicos) во чии рамки од земјата во Бразил заминуваа неколку илјадници доктори кои работеа за кубанската Влада.

Завршувањето на програмата сигнализира заострување на односите меѓу Куба и Бразил, каде за претседател неодамна беше избран десничарот Жаир Болсонаро, кој на фунцкијата ќе стапи на 1 декември.

Куба ова го најави откако Болсонаро за време на кампањата се закануваше дека ќе ја прекине програмата и откако рече дека програмата може да продолжи само ако лекарите примаат директно плати од Бразил и ако можат да ги донесат своите семејства со себе.

Според програмата, кубанската Влада воглавно задржува поголем дел од платата на државните службеници кои работат во странство, како дел од меѓународни мисии на државата, а на учцесниците воглавно не им е дозволено со себе да ги носат членовите на семејтвата, за да се спречи миграцијата на лекари.

Програмата почна пред пет години, и од тогаш околу 20.000 лекари од Куба се грижеле за милиони пациенти во далечни области на Бразил, како што е Амазонија.

Куба има слични мисии во 67 земји, но „Повеќе лекари“ беше една од најголемите и најважни, и служеше како врска меѓу карипската држава и Јужна Америка.

Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во Бразил има 8.332 кубански лекари, од кои секој чини околу 3.100 долари месечно, и имаат платена соба и пансион.

Болсонаро рече дека на лекарите кои сакаат да останат во Бразил ќе им понуди азил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ