Украинската Влада отфрли сметка од седум милијарди долари доставена од руски Газпром за некористен гас порачан минатата година.
Министерот за енергетика Едуард Ставитскиизјави дека нема основа Украина да плати толкава сума која е речиси четири отсто од БДП.
– Одговоривме дека не сметаме дека треба да платиме сметка од седум милијарди долари, бидејќи нема причина за такво нешто, изјави Ставитски.
Украина соопшти дека искористила 27 милијарди метри кубни гас во 2012 година, но со договорот било предвидено да плати 52 милијарди метри кубни. Газпром минатиот месец ја достави сметката во Украина.