• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Дваесет илјади Македонци станаа словенечки граѓани, уште толку работат во Словенија

by А1он14/11/2018 - 16:47129
Share0

Во Словенија живеат 20 илјади граѓани на Македонија кои станаа словенечки граѓани. Има и околу 20 илјади кои работат во Словенија како македонски граѓани. Словенија е прва локација за студенти од Македонија. Таму студираат скоро 800 студенти од Македонија и тоа е најголема бројка во поширокиот регион. Само оваа година од битолската гимназија, 50 ученици отидоа да студираат во Словенија. Медицина, општествени и технички науки.

Добивај вести на вибер

Ова меѓу другото го изјави словенечкиот амбасадор Милан Јазбец при денешната посета на Кавадарци.

Рече дека се одлични односите помеѓу двете земји и дека македонските граѓани таму се чувствуваат како дома.

-Ако младите се чувствуваат како дома, нема да ја заборават својата татковина и веројатно ќе се вратат назад. А ако одат на друг крај од светот, нема да се вратат, што е многу важно, нагласи тој.

Притоа додаде дека таму работат неколку Македонци кои се светски стручњаци во својата област и можат да работат каде било во светот.

По средбата со градоначалникот Митко Јанечв рече дека досега слушал само пофални зборови за него.

Изрази задоволство што се зголемува бројот на словенечки туристи во Македонија, кои се привлечени од природата, но и топлината што се чувствува кај луѓето од Македонија. А македонските граѓани кои живеат во Словенија, се најдобрата реклама за Македонија.

Градоначалникот Јанчев информираше дека се разговарало на повеќе теми, за соработка во повеќе области. Економија, култура, образование.

-Преку Центарот за меѓународна соработка и развој, Кавадарци, Неготино и Росоман работат на заеднички проект, пречистителна станица за водата за пиење. Вредноста е четири милиони евра, а словенечката Влада партиципира со грант од 51 процент. Осумдесет проценти од остатокот од средствата треба да ги обезбеди Владата на Република Македонија, а во другиот дел ќе партиципираат општините, согласно нивната големина. Со тоа ќе се обезбеди почиста вода во наредните 40 години, рече Јанчев, заблагодарувајќи се на словенечката поддршка.

slovenija

Би можело да ве интересира

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:27

Во Словенија промовирана монографијата „80 години македонска азбука“

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 14:52

Телото на Стефанија пронајдено во куфер закопан во шума во Словенија, нејзиното поранешно момче призна сè

Горан Наумовски29/11/2025 - 18:48

На 50 годишна возраст почина првата мис Словенија

А1он22/11/2025 - 21:46

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски30/10/2025 - 17:3930/10/2025 - 17:59

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 14:5626/10/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен