Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Од:

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на унгарскиот премиер демантирал дека Виктор Орбан се сретнал со експремиерот Никола Груевски.

„Премиерот вчера се врати дома, се сретна со две лица, но не и со човекот за кого прашувате“, рекол Бертланд Хаваси, кој е дел од кабинетот на Орбан за тамошните медиуми.

Според унгарските новинари со кои контактирале „Макфакс“, Груевски во земјата, најверојатно, пристигнал во петокот.

Тие велат дека би биле изненадени доколку Груевски се наоѓа во резиденцијата на Орбан.

Новинарот Золт Кернер од „24.ху“ за „Макфакс“ рекол дека првите денови од престојот во Будимпешта Груевски ги поминал во хотелот Кемпински во Будимпешта.

„Пред неколку месеци Владата воведе измени во Законот за имиграција. Според оваа процедура, во истиот момент кога ќе ја преминел границата, Владата требало да го врати Груевски назад во Македонија или во Србија доколку навистина пристигнал во земјата преку Србија бидејќи двете се сметаат за безбедни земји. Ако Србија одбие да го прифати, дури тогаш ќе треба да почне процедурата за азил. Ова е вообичаената процедура за барателите на азил. Целата процедура треба да заврши во рок од 60 дена или ако е по брза постапка, за 15 дена. Ние не добивме информација која процедура е избрана“, вели новинарот Кернер, објави „Макфакс“.

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти според нивните критериуми, тој доаѓал од безбедна земја.

Унгарските медиуми пренесуваат различни информации за бегството на Груевски. Весникот, повикувајќи се на македонски медиуми, пренесува и за апсењето на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, бидејќи постоел ризик тие да избегаат исто како Груевски. Интересно е дека поголем број унгарски медиуми се повикуваат на официјални изјави од македонските власти, е на на унгарските.

Инаку, медиумската состојба во Унгарија е слична на онаа во Македонија, за време на владеењето на Груевски. Поголем број од медиумите се под контрола на Виктор Орбан, платени со владини реклами, па оттаму тешко е да се прочита критичка сторија за владеењето на неговата партија Фидес.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески