Сигурно многупати ви се случило од кино салите да брзате кон тоалет бидејќи филмот траел предолго. Новата апликација „РанПи“ (RunPee) најде решение бидејќи ви сигнализира кога можете да ја напуштите проекцијата и да одите до тоалет, а да не ги пропуштите најинтересните сцени.
Некои од најновите холивудски хитови, како што се „Очајници“, „Линколн“ или „Хобит“ траат и над два и пол часа, што е огромен предизвик за вашиот организам.
Олеснувањето доаѓа со новата апликација, која е достапна за телефоните на Епл, Андроид и Виндоуз, а која на корисниците им овозможува да го посетат тоалетот токму кога е најнеитересниот дел од филмот.
Покрај тоа што „РанПи“ ги идентификува сцените во траење од три до пет минути кои не се толку интересни, поради што можат да се пропуштат и да се оди до тоалет, таа дури и ви прераскажува што се случило на големото платно додека сте биле отсутни.