Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е скептичен во врска со перспективите на трката за „Големата награда на Виетнам“ која треба да влезе во календарот на Формула 1 од 2020 година.
Според него, нема смисла да се организираат трки во такви земји.
– Не знам колку е целисходно да се организира трка во Виетнам. Се случи да бидам во таа земја. Ова е многу убава земја. Учествував на трки во Индија. Беше чудно. Бидејќи во земјата постои голема сиромаштија, а во средината на пустината прекрасен автодром. Тоа предизвикува мешани чувства. Имавме трки во Турција, на кои скоро никој не дојде. Големи трки, но нема публика, вели Хамилтон.
Британецот неодамна ја обезбеди новата шампионска титула за оваа сезона од која треба да се вози уште трката во Абу Даби.