(ВИДЕО) Казанџиска: Оној кој бара обезбедување, треба да се соочи со народот. Ништо нема да му заборавиме!

Од:

„Можеби некој ден ќе ги заборавиме зборовите на непријателот, но секогаш ќе се сеќаваме на молчењето на пријателите“, го започна своето обраќање пратеничката на СДСМ Биљана Казанџиска на вечерашниот Граѓански парламент во Гевгелија.

„Храмот на демократијата го претворија во срам на демократијата“, истакна таа. “Не исфрлија на улица и рекоа таму сме припаѓале. Да, овде сме заедно со народот, а во Парламентот останаа членовите на ДПМНЕ и вашиот сограѓанин Цуклев, кои повеќе се грижат за грчките коцкари отколку за сиромаштијата во Гевгелија, и повеќе се грижат за нивните бизниси одколку за гладта и сиромаштијата на народот“, беше децидна во своето обраќање пратеничката Казанџиска.

Таа се осврна на изгласаниот буџет кој беше сржта на несогласувањата на опозицијата и позицијата во Парламентот на 24 декември пред да бидат избркани на улица, заедно со новинарите кои требаше да останат без сликата од настаните од невиденото полициско насилие во Македонскиот Парламент.

Од говорницата на Граѓанскиот парламент во Гевгелија Казанџиска даде ветување дека обезбедувачите нема да го штитат оној кој бара специјално обезбедување од криминалот и злоделата. Истиот треба да се соочи со народот, ништо нема да му заборавиме, нагласи таа.

Вечерашниот Граѓански парламент во Гевгелија, закажан како и сите предходни во 18 часот, започна во потполн мрак.

На улицата “7ми Ноември“ каде се наоѓа седиштето на СДСМ вечерва беше целосна темница, иако од двете страни на улицата имаше светло. Насобраниот народ и подржувачите на “Сојузот за иднината“ и покрај ваквите проблеми го одржаа Граѓанскиот парламент снаоѓајќи се со агрегат. За извиците УА не беше потребна светлина за да ги регистрира нашата камера.

 

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата