Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз било кој сведок веднаш ќе биде поднесено барање за спроведување на притвор, нема недопирливи во оваа држава, изјави обвинителката Лиле Стефанова одговарајќи на новинарското прашање дали ќе биде побаран притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Во врска со изјавата дека поранешните функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале за бегство на ист начин како и експремиерот Никола Груевски, обвинителката Стефанова не сакаше да даде повеќе информации околу нивниот план.
-Информациите за евентуалното бегство на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се предадени до судот и се образложени во мерката, одредени информации не можат да се споделуваат со јавноста бидејќи се оперативни, рече Стефанова.
Виктор Јованов