Увид во градежни активности на крстосница кај Вита Поп-Јорданова во Штип

Од:

Денеска градоначлникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“ извршија увид во градежните активности на крстосницата кај улиците Вита Поп-Јорданова и Борко Левата. Се работи за комплетно уредување на крстосницата за полесно движење на возачите. По завршените работни активности од страна на ЈП „Стипион 2011“ асфалтирањето ќе го изврши фирма, која ке ја добие јавната набавка.

„Денеска се наоѓаме на крстосницата кај библиотеката „Гоце Делчев“, односно на спојот на улиците Вита Поп-Јорданова и Борко Левата. Ова е една од критичните крстосници во овој дел од градот, кадешто гравитираат поголем дел на граѓани кон населбата Кадидаре и кон медицинското училиште „Јане Сандански“.

Инвестицијата е на Општина Штип и оваа крстосница чини околу 85.000 евра или 5.300.000 денари со вклучено ДДВ,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Оваа крстосница беше испроектирана, помина на ревизија и го доби градежното одобрение. Во зависност од временските услови до крајот на годината оваа крстосница треба да биде готова.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски