Јанушев: Ова што се случува вечерва е удар врз демократијата, Груевски не бил во штабот повеќе од 6 месеци

Од:

Ова што се случува вечерва е удар врз демократијата. Ова е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полицијата, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никогаш немало примена на ваква сила врз опозициска партија. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Во ваквиот прогон, Заев ги злоупотребува и медиумите. Ова не е помирување, туку зовривање на политичката криза. Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку-така. ВМРО и Македонија се жртви на неспособноста на Заев. Година и половина ја уништуваат државата и сето тоа го прикриваат со политички прогон, рече Јанушев.

Тој рече дека ќе дојде денот кога тие што го извршувале прогонот ќе одговараат за тоа.

– Доколку полицијата поседува налог и се сомнева дека Никола Груевски е во штабот, може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку, рече Јанушев.

Тој кажа дека Груевски повеќе од 6 месеци не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев во име на партијата се извини на новинарите што беа наречени „загари на Заев“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата