Мицотакис за случајот „Кацифас“: Постојат многу нејасни наоди

Од:

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, изјави дека убиството што се случи на 28 октомври во Буларат има многу турбулентни точки кои треба да бидат разјаснети од страна на албанската страна.

На прашањето како ги оценува албанско-грчките односи, посебно по „последните настани“, тој истакна дека покрај се односите треба да се негуваат.

– Последниот инцидент со пукањето и смртта на етнички Грк остави многу празнини и турбулентни точки, што треба да бидат разјаснети од страна на албанските власти. Исто така, некои изјави од страна на албанската страна не се во прилог на ситуацијата и сите треба да бидат многу внимателни. Освен тоа, односите на двете земји мора да бидат зачувани и да не бидат под влијание на несоодветни изјави, уште повеќе од дела што можат сериозно да им наштетат, истакна Мицотакис, пренесува тиранската телевизија „Ора њуз“, повикувајќи се на белградска „Политика“.

Констандинос Кацифас (35), етнички Грк кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен во престрелка со припадниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“ во неговото родно село Буларат, кое е во близина на грчко-албанската граница.

По инцидентот односите меѓу Тирана и Атина се заладија, посебно по погребот кога 52 грчки државјани од страна на албанските власти беа прогласени за непожелни личности, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна актвност“ на денот на погребот.

Албанските медуми денеска пренесуваат изјава на родителите на Кацифас, кои бараат поголем притисок врз албанските власти за утврдување на вистината, која според нив е „намерно убиство“.

Инаку се уште официјално не се објавени резултати од темелната експертиза извршена врз телото на Коцифас во Универзитетската клиника во Тирана, откако родителите не веруваа во обдукциските наоди од болницата во Ѓирокастро.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици