Германскиот тенисер Александар Зверев со победа го почна своето учество на финалниот АТП турнир во Лондон.
Во натпреварот од првиот круг од групата „Густаво Куертен“, Зверев триумфираше по два тајбрејка (7:6 (5), 7:6 (1) над хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, во натпревар кој траеше два часа и девет минути.
Подоцна денеска се игра вториот натпревар од групата, каде што лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ (Србија) се среќава со Американецот Џон Иснер.
Во вчерашните дуели, Кевин Андерсон отвори со победа против Доминик Тим, додека Кеј Нишикори изненадувачки го совлада Роџер Федерер.