КСС: Платите во јавниот сектор да растат согласно покачувањето на минималната плата

Од:

„Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) по повод денешната јавна дебата за Предлог- буџетот на РМ за 2019 година на која КСС присуствуваше со свои претставнци изразува незадоволство во однос на покачувањето на платите во одредени дејности. Имено КСС во изминатиот период јавно, но и на средбите на Економско-социјалниот совет бараше усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата.

Со дадениот предлог за покачување на платите на јавнита администрација во Предлог- буџет за 2019 година, не можеме да дојдеме до износот на посакуваниот вертикален распон на платите што произлегува од законските обврски.

Ја повикуваме Владата уште еднаш да направи анализи и согласно законските одредби да се одважи и на фер и транспарентен начин да донесе одлука во насока на исправување на неправилностите кои беа направени согласно законот за зголемување на минималната плата во 2017 година.

Уште еднаш потенцираме дека платите во јавниот сектор се доведоа на ниво на социјални примања. Како доказ го посочуваме предлогот за покачување на социјалната помош во Предлог- буџетот со кој се предвидува износот на истата да достигне ниво на плата на вработените во јавната администрација“ се вели во соопштението на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада