Павлопулос: Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент дури откако ќе се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции

Од:

Само кога ќе се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да се финализира и содржината и правилното толкување на Договорот од Преспа, а потоа и да дојде на ратификација во парламентот, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Грчкиот претседател, денес беше прогласен за почесен граѓанин на општина Вари-Вула- Вуљагмени и говореше за т.н. грчки национални прашања, а меѓу нив и спорот со името.

Рече дека Грција “се стреми кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажува дека поддржува членство во НАТО и Европската унија”, но објасни дека за тоа предуслов е решавање на прашањето со името “согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции”, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент.

-Нашата соседна земја треба да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сѐ во нејзиниот Устав. И навистина, ја презедоа оваа обврска. Според тоа, очекуваме да ја исполни. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори, во однос на пристапниот процес на ПЈРМ кон Европската унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината и според меѓународното право, правилното толкување на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ за да дојде за ратификација во грчкиот парламент, рече Павлопулос.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната