Засилени контроли на полицијата во Тетово и Штип, над 30 лица возеле под дејство на алкохол

Од:

Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Тетово и СВР Штип беа спроведени засилени акциски контроли за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово во акциската контрола биле контролирани 127 возачи, 82 во Тетово и 45 во Гостивар, при што било констатирано дека 11 лица ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите лица биле исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачки дозволи, а изготвени им се и мандатни платни налози. Во акциската контрола биле констирани и над дваесетина други видови прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Во акциската контрола на 10/11.11.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип контролирани биле 186 возачи при што кај 23 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Eвидентирани се и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени акциски контроли со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски