Ципрас: Ни се заканува „историско дежа ви“

Од:

Фашизмот и нацизмот се нехумани идеологии, но, се моќни, бидејќи се потпираат на инстинкти, а во услови на војна, инстиктот за преживување се зајакнува, порача на маргините на Мировниот форум во Париз грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Ултрадесничарите и националистите имаат свој план, кој е јасен и безвременски. Да се подели општеството, да се цели кон одредена група луѓе, да се негува стравот и да се повика на национална гордост, која важи само за избраните, изјави грчкиот премиер, истакнувајќи дека се соочуваме со „историско дежа ви“.

Ципрас додаде дека по војната меѓу поразените преовладувал инстинктот за одмазда и оти токму тоа го искористиле тогашните демагози.

Тој истакна оти денес треба да се направи споредба и да се бори за Европа и покрај разликите, бидејќи „историјата не може да чека и кога се повторува, да биде многу сурова кон нас“.

-Европа е повторно изградена по две светски војни, заснована на социјална правда, заштита на работниците, еднаквост на половите, унапредување на инфраструктурата, како и мир и соработка меѓу народите, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски