Популарната видео игра Хитмен доби филмска адаптација во 2007 година. Главната улога, во филмот, ја толкуваше Тимоти Олифант.
Fox International Productions објави дека планираат да продуцираат нов филм базиран на успешната видео игра, кој ќе биде насловен Agent 47.
Актерот Пол Вокер ќе ја толкува главната улога. Режисер ќе биде Александер Бах, додека сценариото ќе го пишува Скип Вудс.
Снимањето ќе започне во јуни, и ќе се одвива на локации во Берлин и Сингапур. Се уште нема информации за останатите членови на актерската екипа или за датум на премиера.