Париз станува дом на најголемата услуга за е-велосипеди во светот

Од:

Жителите на Париз и неговите предградија наскоро можат да имаат пристап до 20.000 електрични велосипеди.

Компанијата за јавен транспорт на „Иле-де-Франс Мобилитес“ (Ile-de-France Mobilités (IDFM) започна со нова програма за изнајмување велосипеди, во рамките на која првично ќе има 10.000 достапни превозни средства. Со доволен интерес, нивниот број ќе се зголеми на 20.000, што ќе ја претвори програмата во најголемата услуга за изнајмување е-велосипеди во светот.

Целта е да се намали употребата на автомобили и, според тоа, загадувањето во францускиот главен град. Е-велосипедите ќе можат да се изнајмуваат за 40 евра месечно, период за кој корисниците ќе можат да ги задржат дома.

Слично како картата за метро во Париз, работодавачите ќе можат да покријат половина од сумата, откако за конечен надомест останува само 20 евра за крајниот корисник.

Е-велосипедите можат да поминат до 9 км со едно полнење дури и при искачување.

Е-транспортoт е во пораст во Франција, откако фирмата за електрични скутери „Лајм“ неодамна почна да работи во Париз, но и покрај високите цени за изнајмување, сепак брзо стана многу популарна. Е-велосипедите се поевтини и попригодни за тесните улици на Париз.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска