Пол Бајер, потпретседател во Бостонска енергетска фирма, направил легален договор со својата 14-годишна ќерка Рејчел.
Во договорот стои дека Рејчел ќе биде наградена со 200 долари ако се откаже од Фејсбук во период од 4 месеци.
Рејчел ќе добие 50 долари во април и уште 150 во јуни.
Интересно е тоа што ова било нејзина идеја. Таа сака да најде работа и да се фокусира повеќе на училишните обврски.