Започнува неделата против лажните вести

Од:

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од 12ти до 18ти ноември, ќе организира серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, и за првпат ќе ја одбележи Неделата против лажните вести.

Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.

„Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд на лажни вести и манипулации, кои некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат“, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии. „Преку Неделата против лажните вести сакаме да ги отвориме овие прашања, да им понудиме на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.“

Во рамките на Неделата против лажните вести, на 12ти, 13ти и 15ти ноември, (понеделник, вторник и четврток) ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.

На 14 ноември (среда) е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ дебатираме со нашите гости Сашо Ордановски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите.

Неделата ја привршуваме со вебинарот „Зошто е важна медиумската писменост?“ на 16 ноември (четврток).

Во рамките на Неделата против лажни вести ќе бидат промовирани четири едукативни видеа кои ИКС ги подготви како дел од оваа кампања, како и неколку квизови на кои сите заинтересирани ќе можат да си ги проверат сопствените медиумски познавања, а ќе има можност и за прашања од граѓаните на кои ќе одговараат експерти од медиумските институции и организации од земјата.

За сите активности кои ќе бидат дел од Неделата против лажните вести информирајте се на веб страницата http://stopdezinformacii.mk или на фејсбук страницата https://www.facebook.com/StopDezinformacii/.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата