Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени

Од:

Поранешниот премиер Никола Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени, каде денеска се расправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени.

Тој не се пријави ниту во затворот во Шуто Оризари каде треба да ја отслужува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Претходно Груевски побара одложување на затворската казна, а како причина неофицијално ги навел пратеничките обврски на седниците за уставните измени.

Кривичниот совет вчера ја потврди одлуката на судијата за извршување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Димитровски: Без подадена рака, нема внесување на Бугарите во Уставот

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски