„Македонија блокира“ утре ќе протестира во Охрид пред домовите на пратениците кои гласаа за уставните измени

Од:

Утре граѓанската иницијатива „Македонија блокира“ на која и се придружија повеќе организации заедно со политичката партија Единствена Македонија, со организиран превоз ќе носи демонстранти во Охрид за да протестираат пред домовите на пратениците кои гласаа за уставни измени, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Според закажаниот план, објавен на Фејсбук страницата на „Македонија блокира“ автобусот за Охрид треба да тргне утре во два часот попладне. За место на поаѓање е определена локација пред Соборниот храм во Скопје.

Пред неколку денови, со запалени свеќи и патриотски песни, демонстранти организирани од партијата Единствена Македонија, протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, кој во Собранието исто така гласаше за почнување на процесот за уставните измени.

Би можело да ве интересира

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Гори насекаде, 17 пожари до 13 часот

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865 прекршоци, 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки