Вакцинацијата за сезонски грип продолжува од понеделник

Од:

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година).

Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Станува збор за четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Но, паралелно со Министерството и 10-те центри за јавно здравје самостојно реализираа постапки за јавна набавка за 13.100 комерцијални количини вакцини, како и претходните години, a годинава се обезбедени вкупно 41.000 доза вакцини против сезонски грип, односно годинава бројот на вакцини е за околу 45 отсто поголем, во однос на претходните сезони.

Напоменуваме дека секој Центар за јавно здравје самостојно врши проценка за обезбедување на потребните количини вакцини за подрачјето кое го покрива.

Вакцината против грип е незадолжителна, но препорачана за хронично болни и возрасни пациенти.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време