ВИДЕО: Роденденска дружба со лицата од домот „Мајка Тереза“

Од:

По повод роденденот на општина Карпош, денеска, градоначалникот Стефан Богоев го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, кој е во состав на ЈЗУ Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“.

– Општина Карпош прославува 42 години од своето постоење, и за таа цел, веќе две недели, имаме бројни активности со кои го одбележуваме, за нас, овој значаен датум. Во тој контекст е и денешната посета на Домот „Мајка Тереза“, со цел да ги посетиме оние кои ни се блиски и драги, а кои живеат тука во нашата општината. Идната недела е и Вашиот јубилеј – 60 години од постоењето на Геронтолошкиот завод, така што, тоа е уште еден повод да се подружиме и да поминеме пријатни мигови заедно, им порача градоначалникот Богоев на постарите лица кои престојуваат во оваа установа.

Во оваа пригода, тој на сите жители на овој дом, им врачи пригодни подароци, 70 пакети со кондиторски производи и средства за лична хигиена.

Во топла атмосфера, со весела игра и песни од најмладите-дечиња од градинката „Орце Николов“, постарите жители на Карпош минаа еден час во разговор со својот градоначалник и вработените во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, а домаќини на гостите од Општината беа директорката на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“ – Скопје д-р Салија Љатиф Петрушовска и Дејан Петров, раководител на одделот „Мајка Тереза“.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски