ОН: Вашингтон ја пролонгира испораката на хуманитарна помош за Северна Кореја

Од:

Барањата на неколку хуманитарни агенции на Обединети нации да се одобри испорака на помош за Северна Кореја веќе неколку месеци се неизвесни бидејќи САД побараа подолг период да ги разгледаат документите.

Советот за безбедност на ОН од 2006 година едногласно воведува санкции кон Северна Кореја со цел да спречи финансирање на развој на нуклеарни и балистички ракети. Согласно донесените мерки, хуманитарните групи можат да побараат да се направи исклучок за испраќање на хуманитарна помош за сиромашната, изолирана азиска држава. Барањата се доставуваат до Одборот на СБ, а за нив се одлучува со консензус.

Но, според документите на Одборот, барањата што хуманитарните агенции, како Црвен крст и Црвена полумесечина во август и во септември ги испратија, се уште чекаат зелено светло бидејќи Вашингтон бара дополнително време за нивно разгледување.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт