„Киро Ќучук“ отиде во стечај

Од:

Керамичката индустрија „Киро Ќучук“ од Велес отиде во стечај. Основниот суд, по барање на Управата за јавни приходи донесе решение за отворање на стечајна постапка, извести локалниот портал duma.mk.

За стечаен управник е назначен Ацо Петров.

Вкупниот долг на велешки Киро Ќучук изнесува околу 9 милиони евра, од кои 6,1 милион евра се долг кон државата. Овој долг се однесува за неплатени даноци, придонеси, плати и други давачки кон државата.

Одлуката на судот со нетрпение ја очекуваа и стотина вработени во фабриката, кои со месеци па и години не одат на работа. Компанијата им должи по дваесетина плати, а не им се исплатени ниту придонесите за здравствено и пензиско осигурување за повеќе од пет години.

Инаку во Киро Ќучук некогаш работеа повеќе од 800 работници кои произведуваа 130 милиони единици тенкоѕидни градежни елементи кои се продаваа во Македонија, Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ