„Мудис“ очекува ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина

Од:

Рејтинг агенцијата „Мудис“ предупреди дека глобалниот економски раст во следните две години најверојатно ќе забави, додека трговската војна меѓу САД и Кина ќе ескалира.

„Очекуваме дека глобалниот раст ќе забави на ниво под три проценти во 2019 и 2020 година од проценетото ниво од 3,3 отсто минатата и тековната година“, се наведува во најновиот извештај на „Мудис“.

Во него се додава дека неодамна воведените тарифи на кинеска стока вредна 200 милијарди долари веројатно ќе бидат зголемени на 25 отсто во јануари следната година од нивното сегашно ниво од 10 проценти.

„Во обете земји вкупното директно макро влијание на растот ќе може да се решава. Меѓутоа, сегашната тензија веројатно ќе се проширува меѓу двете најголеми економии во светот, што е можно да има широко распространети негативни импликации, кои ќе ги подриваат инвестициите“, се наведува во извештајот на „Мудис“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Не ја обвинувам Кина, ги обвинувам тие пред мене зошто биле глупави, вели Трамп

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кинезите објавија воен говор на Мао Це Тунг: Никогаш нема да попуштиме

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД