Ласовска: Прогласот на АСНОМ не е конститутивен акт за државата, одлуките се

Од:

Прогласот на АСНОМ не е конститутивен акт за државата, нема државотворна важност, за разлика од деветте одлуки на АСНОМ кои сега се предлага да се избришат во Преамбулата, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Со Прогласот според неа само се известува за првото заседание на АСНОМ и дека се удрени темелите на нова држава и дека на овој начин се брише значењето на второто и третото заседание на АСНОМ, кои во Прогласот ги нема.

Ласовска се осврна на вметнувањето на Охридскиот рамковен договор што според неа било чудно затоа што претходно беа изгласани амандмани кои веќе постојат во уставот 17 години. Ласовска рече дека државата на овој начин оди кон блага федерализација и бинационалност, а се напушта унитарниот карактер на државата.

Таа повтори дека пратениците немаат мандат за менување на уставното име и дека таа ниту во оваа фаза нема да даде поддршка за уставните измени.

Заменик-министерот Жерновски демантираше дека одлуките на АСНОМ се бришат во новата преамбула, напротив според него државноста се истакнува.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски