Трамп: Изборите се голем ден за републиканците

Од:

Изборите на половина од мандатот се „голем ден“ за републиканците, нагласи на прес конференција американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател изрази големо задоволство од изборните резултати, посочувајќи дека претходниот претседател Барак Обама на изборите на половина мандат изгубил 63 пратенички места, додека тој изгубил само 27 во Конгресот. Тој потсети дека во Сенатот републиканците го зголемија своето мнозинство.

Претседателот Трамп ги повика републиканците и демократите „да работат заедно“. Според него, инфраструктурата и здравствената заштита се две области каде Конгресот може да се обедини.

Тој, исто така, сугерираше дека постои предност во тоа да се нема мнозинство од еден или два гласа. Трамп рече дека ги цени коментарите на лидерот на Демократската лидерка Ненси Пелоси за двопартиски систем и оцени дека е можно поделена влада би можела да биде продуктивна и да произведе посилно законодавство.

Трамп го осуди „непријателското медиумско покривање“ за него и за Републиканската партија за време на изборите на половина мандат, со што, според него, бил поставен нов рекорд.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти