По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека би било почесно да прекинат преговорите за членство меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија порача дека официјален став на оваа тема може да даде само претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
Засега општиот консензус во Европската комисија е дека преговорите со Турција треба да продолжат, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.Тој сепак истакна дека Турција треба да почитува одредени услови.
– Претседателите Јункер и Туск на самитот во Варна истакнаа дека се потребни длабоки реформи, ослободување на затворениците и добрососедски односи, ова се витални работи за да се задржи позицијата на колеџот е дека треба да се задржат отворени каналите на комуникација и да се одржи курсот на овој процес, рече портпаролот.