Јапонскиот производител на автомобили „Сузуки“ во март во Женева ќе претстави целосно нов Ц-сегмент кросовер, кој се базира на концепт возилото „С-Крос“ претставено на минатогодишниот Саем на автомобили во Париз.
Новиот кросовер на Сузуки може да се пофали со простран ентериер и најголем багажен простор во својот сегмент, а напредната технологија на погонот на сите тркала на која компанијата обрати особено внимание при развојот гарантира одлично управување.
Повеќе детали за новиот автомобил на Сузуки ќе бидат објавени на 5 март, на прес конференција на Саемот на автомобили во Женева.