(ВИДЕО) Мицевски: Собранието има обврска да ја пренесува дебатата за уставните амандмани

Од:

Власта бега од дебата со опозицијата, сакаат да помине далеку од очите на јавноста, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната седница за уставни амандмани.

„Денеска дебатата не се пренесува во живо, ништо од транспарентноста. Зошто првата комисија на седницата се пренесуваше во живо, а сега не? Собранието има законска обврска да ја пренесува дебатата во живо“, рече Мицевски.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Талат Џафери, вели Мицевски, сакаат дебатата за уставните амандмани да помине далеку од очите на јавноста.

ВО ЖИВО: Никола Мицевски за седницата за уставни амандмани

ВО ЖИВО: Никола Мицевски за седницата за уставни амандмани

Posted by A1on.mk on Среда, 07 ноември 2018

„Очигледно тие се плашат да дебатираат со пратениците од опозицијата за ова прашање од највисок интерес. Поради тоа денеска дебатата од Комисијата за уставни прашања, каде се дебатира за највисокиот акт во државата и за прашање од национален и државен интерес не се пренсува во живо на собранискиот канал“ порача Мицевски.

И во случај да не се прифати барањето, ВМРО-ДПМНЕ велат ќе учествуват во дискусијата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО