Опозицијата повторно протестираше во Куманово

Од:

Вчеравечер во Куманово повторно се одржа собир на опозицијата, на која се обратија градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, пратениците Гордан Георгиев и Соња Мираковска, портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ и еден стечаец.

-Ме обвинувате дека јас не соработувам со вас. Јас работев толку, колку што ми дозволуваше буџетот, бидејќи не одвоивте повеќе пари за нашиот град. Седум години владеете со оваа држава и седум години го лажете народот. Потрошивте седум милијарди евра повеќе, од која било влада во историјата на Македонија, а не вложивте ништо во овој крај, изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Пратеникот Гордан Георгиев нагласи дека ќе му покажат на премиерот Груевски, дека на 24-ти декември не беа исфрлени само 42 пратеници, туку и половина македонски народ.

-Такво исфрлање на улиците, историјата нема забележано од 17-ти век, па се до 24-ти декември кога лажни полицајци исфрлија пратеници на улици. Опозицијата заедно со своите поддржувачи, народот ќе остане и ќе се бори за демократијата и за своите барања. Ние ќе ги искористиме сите легитимни можности за да создадеме услови за предврмени избори, изјави Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите