СДСМ: Од помпезно најавуван светски комплекс, денес Љубаништа е симбол на криминалот на Груевски

Од:

„Пропаднатиот проект кој беше ветен од криминалната власт на Никола Груевски, за луксузен туристички комплекс на Охридското езеро на местото на автокампот Љубаништа на површина од неверојатни 240 хектари, останува забележан како една од најголемите измами во поновата историја на Македонија.

Уште една шема на менторот на Христијан Мицкоски, носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски, со Субрата Рој.

Контроверзниот начин на кој се буткаше овој пропаднат проект од почеток донесе низа проблеми. Локалните власти во Охрид беа тотално заобиколени, а граѓаните кои имаа имот таму живееа во страв што ќе се лучи со нивните имоти.

Денес, од пласираните лаги за овој пропаднат проект со контроверзниот Субрата Рој, којшто требаше да има луксузни хотели на вода, голф терени и марина, останаа само сликите со Никола Груевски, Зоран Ставревски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од помпезно најавуван светски комплекс, денес Љубаништа е светски симбол на криминалот и измамите на Груевски и неговите соработници.

Измамите, пласирањето лаги во јавноста, криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски.

Одбраната на криминалот на Груевски пак, е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.

Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.

На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад