ајОС губи позиции во Европа, но расте во САД

Од:

Популарноста на оперативните системи ајОС и Андроид е сосема поинаква на големите пазари, вклучувајќи во САД, Европа и Кина, според податоците на аналитичарите на „Кантар“ за септември оваа година.

Уделот на платформата на Епл порасна во САД за 5 процентни поени на годишна основа, достигнувајќи 39,7 отсто.

Според анализите на „Кантар“, токму на американскиот пазар Епл има најголем напредок.

Во исто време, уделот на Андроид во САД падна во септември на 60,1 отсто на годишна основа, но порасна во текот на претходните месеци. На другите големи пазари, платформата на Гугл силно доминира.

На пример, во Кина, ајОС е околу 18,8 отсто, забележувајќи мало зголемување во споредба со септември минатата година кога изнесуваше 17,3. Во Германија, мобилниот систем на Епл го губи уделот на пазарот и зафаќа 16,2 отсто од пазарот, додека Андроид има 83.

Севкупно, постои намалување на уделот на ајОС на сите поголеми европски пазари. Најнизок е на пазарот во Бразил, каде „Кантар“ го определува на само 3,8 отсто.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска