МПЦ-ОА повика на итна обнова на Трескавец

Од:

Со претставниците на осигурителните компании кои го пресметуваат ризикот на осигурувањето и секогаш кога станува збор за икони, фрески кои се од непроценливо значење, не може да се најде заеднички јазик што се покажа како проблематична точка во разговорите со нив. Со текот на времето мора да најдеме начин да го решиме овој проблем. Ова денеска го изјави викарниот епископ хераклиски г.Климент по завршувањето на седницата на Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на која се расправаше за опожарувањето на манастирот Трескавец.

– Повеќеслојни се проблемите на овој јазол кој треба да се расплеткува. Мораме да осигураме дел од она што може да се осигура. Веќе се доведуваме до прашање кој е следниот манастир на кој може да му се случи оваа ситуација. Не сме решени на отстапки туку на изнаоѓање ефикасно решение. Оние простории каде што нема икони од 14 и 17 век полесно се осигуруваат. Има предмети кои навистина се бесценети, рече г.Климент.

Тој истакна дека конкретно за манастирот Трескавец, дел од иконостасот, распетието од 17 век, иконите кои биле конзервирани заради условите на влага не можеле да се чуваат во манастирската црква и биле принудени да ги чуваме во монашкиот конак.

– Овие седум минути кои беа судбоносни откако почна пожарот, монахот Калист буквално остави се за да може заедно со Швајцарецот Филип да ги извади од монашкиот конак иконите, додаде г.Климент.

САС на МПЦ-ОА на седницата донесе одлука со која сите епархии во Македонската православна црква со црквите и манастирите како во Македонија, така и во дијаспората согласно своите можности да помогнат во обновата на опожарениот манастирски комплекс Трескавец. САС ги повика и надлежните институции задолжени за чување на духовното и националното богатство да ги преземат сите неопходни мерки за што побрза реализација на неговата обнова.

Синодот изрази благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, граѓаните и верниците кои пристигнаа на местото на настанот, на државните институции и локалната самоуправа на Прилеп, на противпожарните служби и на хеликоптерските единици на АРМ, како и на сите кои се вклучија во организацијата за возобновување на конаците.

САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледа и предлозите за одбележување на 1700-годишнината од Миланскиот едикт и 1150-годишнината од Моравската мисија, кои ќе се случат оваа година.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски