Во штипскиот Центар за вработување доставени над 200 барања за стечаен надоместок

Од:

– Над 200 штипјани денеска поднеле барање за добивање на месен надоместок до Агенцијата за вработување. Со новите законски измени им се дава можност на дополнително на околу 180 стечајни работници да бидат опфатени и да добијат паричен надоместок до нивното пензионирање.

-Со новите измени се дава можност за оставрување на право на паричен надоместок независно дали договорот бил склучен на одредено или на неодредено време или дали престанал по вина и волја на работникот, рече Катица Арсова раководител на Центарот за вработување во Штип.

Во Штип претходно позитивни решенија добија вкупно 400 стечајни работници, а со новите законски измени се очекува да бидат опфатени околу 180. Остануваат со нерешен статус оние работници на кои фирмите им го промениле матичниот број по нивното приватизирање. Но, претседателот на штипското здружение „Унит“, Ќемалдин Арсланов е оптимист дека и за овие луѓе ќе се најде решение, а во Штип такви случаи се околу 20.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети