Министрите Манчевски и Дескоска на годишната конференција на УПОЗ

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката и заменик-министерот за правда Рената Дескоска и Оливер Ристовски, се обратија на годишната конференција во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на РМ- УПОЗ.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите за изготвување на грански колективен договор на што во моментов работат работните групи на УПОЗ и на МИОА, МТСП, МФ и МП.

„Работните групи ги утврдија деновите на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината и правото на неплатено отсуство. Во институциите каде има синдикална организација, на претставникот ќе му биде овозможено да биде дел од функционалната анализа на самата институција. Се утврди надоместокот на трошок поврзан со работата. Целиот колективен договор е прегледан. Сите одредби кои веќе се дел од Законот за административни службеници и Законот за работни односи, останаа исти како во постоечките закони. Тоа што е особено значајно е што за првпат ќе се утврдува ниво и бодови за плата за помошно техничкиот персонал, преминувањето од едно на друго ниво, ќе се дефинираат правата и обврските за време на штрајк, како и дисциплинските постапки“, информираше министерот Манчевски.

Тој се осврна и на активностите кои МИОА ги презема во моментов а се во правец на професионализација и департизација на јавната администрација. Во тек е изработка на нов Закон за висока раководна служба, со што се прави јасна разлика помеѓу политичките и професионалните позиции, а се воведуваат и јасни критериуми за избор на раководната служба.

Министерката Дескоска истакна дека наследила отворени прашања, но потенцираше дека Владата е отворена за социјален дијалог со синдикатите и со сите оние кои се за подобрување на правата на вработените.

„Паралелно со дијалогот за колективен договор имаме и законодавни процеси кои се одвиваат. Во делот на измената на Законот за судска служба, разговаравме за одредени можни решенија со претставниците на УПОЗ и Здружението на судската администрација“, рече министерката Дескоска.

Станувајќи збор за вработените во казнено поправните установи, Дескоска информираше дека Закон за извршување на санкции во моментот е објавен во ЕНЕР, а дека на процесот му претходело дијалог со синдикатите.
Министерката за правда истакна дека се разгледуваат можностите за зголемување на платите во рамките на правосудството и се очекува позитивна одлука во Владата во однос на овие прашања.
„Буџетот за судството за следната година ќе биде поголем од оваа година. Се надевам дека заеднички ќе овозможиме реализација на овие средства“, додаде министерката.

Претседателот на УПОЗ, ги поздрави активностите на Владата кои се во рамки на нивните барање со цел подобрување на условите и правата на вработените во јавната администрација. Како што посочи тој Владата покажува спремност за отворен социјален дијалог и резултатите за тоа се видливи во изминатата година и половина. „Остануваат отворени неколку прашања кои се однесуваат на нашите барања како Синдикат, но важно е дека после долго време имаме Влада која е спремна да ги чуе нашите барања и заеднички да изнајдеме решение за сите проблеми“, заклучи претседателот на УПОЗ, Грујовски.

Би можело да ве интересира

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски