(ВИДЕО) Алијанса за Албанците ја напуштија координацијата за телото за помирување: Не е јасно кој со кого се помирува

Од:

Членот на Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди го напушти состанокот кој се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој вели дека не се јасни целите на средбата и телото кој со кого да се помири. „Се добива впечаток дека е за дневно – политички поени и протнување на мала врата да се протурка амнестија за 27 април”, смета тој.

„Ние сме за помирување во основа на стратешките цели за државата, за интеграција на ЕУ и НАТО и за затворење на внатрешните отворени проблеми. Сега сме во постапка на уставни амандамни и само низ тоа ја гледаме вистинската смисла на телото за помирување околу стратешките цели на државата”, додаде Рашиди.

Тој рече и дека би гласал за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

На координацијата која што се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, на дневен ред единствена точка е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на координацијата.

Присутни се дел од пратениците на новата пратеничка група, освен тројцата обвинети за 27 април. На средбата учествуваат координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, претставници на Беса, Алијанса за Албанците и независниот пратеник Панчо Минов.

Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпартиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски