Хуманитарен базар во основно училиште во Карпош

Од:

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ по повод Денот на општината, како дел од низата активности, денеска од 15 до 18 часот организира хуманитарен базар.

На хуманитарниот базар што ќе се одржи во просториите на училиштето, ќе учествуваат група креативни наставници (ракотворци) и занаетчии кои ќе се претстават со нивните уникатни ракотворби (филиграни, изработки од срма, производи со декупаж-техника и сл.). Ќе бидат застапени и производи од органско потекло.

Целта на базарот е оживување на веќе изумрените занаети, доближување на учениците и откривање на значењето и важноста на народното творештво, просвета и култура. Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на училишниот двор.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец