„Слобода на изразување, медиумски слободи и саморегулација” е темата на денешната конференција што ќе се одржи во Битола во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
На конференцијата ќе се промовира и конкурсот на ЕУ за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Градење доверба во несигурни времиња”.
Како што е најавено, на конференцијата ќе се обрати и генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез.