Македонски државјанин уапсен во Италија со три килограми кокаин

Од:

На граничниот премин Комо Брогеда (Como Brogeda),на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.

Македонскиот државјанин,чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија. При контрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот автомобил. Одземени се и возилото,како и два мобилни телефона.

Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.

Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија