Адвокатите кои не се појавија на „Шамарите во Центар“ казнети со по илјада евра

Од:

Претседателот на судечкиот совет кој го води случајот „Насилство во Центар“, Душан Јосифов, ги казни со илјада евра адвокатите на обвинетите кои не дојдоа на денешното рочиште за шамарите во центар, поради обврски на други судења во Кривичниот суд.

На следното рочиште исказ ќе дава сведок кој бил присутен на настаните.

За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.

На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Шамарите”

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите за „Насилство во Центар“

Кристијан Ландов

Јанакиески бара ослободителна за „Шамарите“: Груевски замина, Рангелова ослободена и остана Миле да биде виновен