Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, посака повторно да заигра во ист тим со Вејн Руни. Според Португалецот, Руни е одличен фудбалер.
Напаѓачот во моментов настапува во американската МЛС за ДЦ Јунајтед.
Руни ќе го одигра 120-тиот натпревар за Англија на 15 ноември на „Вембли“ против САД.
– Силата на Руни лежи во неговиот карактер и физичката моќ. Тој никогаш не запира, постојано трча, обидувајќи се да му помогне на тимот. Неверојатен тимски играч, реализатор на многу голови. Секој во Англија го сакаше.Навистина фантастичен човек и одличен играч, изјави Роналдо.
– Го нареков питбул. Сега ми недостига да играме заедно во ист тим. Можеби еден ден во иднина повторно ќе се случи тоа, додаде Роналдо.
Последен пат Роналдо и Руни играа заедно во Манчестер Јунајтед пред осум години.