Американскиот експерт за радикален ислам и тероризмот, Роберт Спенсер, изјави дека верува дека Саудиска Арабија влијаела на САД како би „исчезнал” документот за масакрот над Србите во Сребреница.
Аналитичарот во интервју за Вечерње новости, коментирајќи го неодамнешното откритие на весникот за улогата на американските разузнавачки служби во прикривањето на извештаи за злосторства против Србите, рече дека властите на Саудиска Арабија имаат огромно влијание врз државниот апарат во Вашингтон.
Токму така, тврди тој, дошло и до тоа да ЦИА во 90-тите години ја прикрие вистината за настаните во Босна и Херцеговина.
Спенсер во својата изјава посочи дека е можно да се промени политиката на САД кон БиХ, но „само во случај на промена во односите меѓу Америка и Саудиска Арабија.”
Тој изјави дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон „донел катастрофална одлука да соработува со муслимани за време на граѓанската војна во Балканот”.
„Со оваа одлука, тој дозволи формирање на џихадистички упоришта, сите под превезот на демократијата и правото на самоопределување. Не е тешко да се заклучи дека претседателот Клинтон во донесувањето на оваа одлука е под влијание од страна на Саудиска Арабија”, вели Спенсер.