Канада ќе стане првата земја во светот што ќе печати предупредувачки пораки на секоја индивидуална цигара.
Владата разгледува нова регулација што ќе ги натера производителите на цигари да печатат предупредувачки пораки не само на кутиите, туку на секоја цигара.
На цигарите ќе има текстови, како „пушењето предизвикува канцер“, пишуваат канадските медиуми.
Според поддржувачите на овие регулации, со тоа ќе се намали бројот на пушачи во земјата.
– Постои истражување кое покажува дека доколку здравствените ризици се напишани директно на производот, како цигарите, се ефективни во намалувањето на нивно користење, велат од владата.