Заев со делегација на Нансен Дијалог Центар Скопје: Стремиме кон образовен систем за поттикнување на мултиетничките вредности

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Нансен Дијалог Центарот Скопје (НДЦ Скопје), која како локална невладина и непрофитна организација, е силно поддржана од страна на Нансен Академијата од Лилехамер, од Норвешка и од програмите за поддршка на владата на оваа земја.

Делегацијата на НДЦ Скопје, предводена од директорот Сашо Стојковски, и во придружба на поранешната амбасадорка на Холандија во Скопје Симоне Филипи, како член на бордот на Нансен Академијата во Норвешка, и на други членови на бордот и претставници на норвешката амбасада, го информираа премиерот Заев за актуелните проекти на организацијата на полето на интеретничкиот дијалог, како и во делот на мултиетничката кохезија, интеграцијата, рамноправноста и толеранцијата, особено во делот на образованиот систем.

Претседателот на Владата на РМ, Заев за време на средбата истакна дека му се многу добро познати проектите на НДЦ Скопје, и дека активностите на оваа организација се од особено значење за нашето општество во овој исклучителен период кога земјата го постави интеретничкиот дијалог и интраетничкото помирување како централни вредности. Овие процеси премиерот Заев ги оцени како исклучително неопходни во период кога се спроведуваат клучните политички активности за имплементација на уставните промени како чекор за прифаќање на Договорот од Преспа за интеграција на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Премиерот Заев нагласи дека Нансен Дијалог Центарот Скопје и понатаму ќе ја има целосната поддршка на Владата на РМ за нивните проекти, со особена нагласка на програмата за дизајнирање на интеркултурно образование во училишната програма за основно образование во нашата земја како пример за еднакви можности и пристап до образование на сите етнички заедници во мултиетнички средини.

Премиерот Заев оддаде признание дека подготовката на современ интегриран образовен модел, кој ги негува, поттикнува и интегрира мултиетничките вредности, а во исто време ги промовира и поддржува партнерските односи помеѓу учениците, наставниците и родителите, го поттикнува вклучувањето на заедницата преку воспоставување на хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски